По седум години соработка со Јута џез, Гордон Хејворд најави дека кариерата ја продолжува во Бостон селтикс. Крилото на „џезерите“ од ова лето е слободен агент, имаше понуда да остане во франшизата која го драфтуваше во 2010 година, но Хејворд смета дека му е потребна промена на клуб и животна средина.
„По седум години во Јута, одлучив да се приклучам на тимот на Бостон селтикс. Оваа одлука е голем чекор за мене во кариерата, сметам дека го направив во вистинско време“, истакна 27-годишниот кошаркар, кој се согласи на четиригодишен договор вреден 128 милиони американски долари.
Хејворд минатата сезона го поправи својот личен просек. Со 22 поени по натпревар и 5.5 скока, беше носител на тимот, стигнаа до конференциско полуфинале со Голден Стејт. Одличните партии му донесоа и настап на олстар натпреварот, прв во неговата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА