Тренерот на Баерн Минхен, Гордон Херберт наскоро би можел да го преземе кормилото на австралиската репрезентација.
Само четири месеци по завршувањето на ангажманот на клупата на германската репрезентација, можно е стручњакот роден во Канада повторно да си ја проба среќата во репрезентативните води.
Херберт е многу заинтересиран за споменатата работа и влезе во потесниот избор на Австралиската кошаркарска асоцијација. Покрај него, претенденти за селектор на „кенгурите“ се тренерот на Атланта Хокс, Квин Снајдер, главниот тренер на Мелбурн Јунајтед, Дин Викерман и поранешните помошници на репрезентацијата, Вил Вивер и Адам Капорн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

