Фудбалерите на Њукасл ги разрешија сите дилеми околу патникот во осминафиналето во Лигата на шампионите во двомечот против Карабах, откако уште вечерва во Азербејџан славеа со убедливи 1-6.
Гостите уште во 3. минута поведоа со 0-1 со голот на Гордон, а само пет минути подоцна веќе беше и 0-2 со погодокот на Тио. Следеше блиц-криг на Гордон кој со три гола (вкупно четири) во периодот од 32. до 45. минута донесе големо водство од 0-5.
Домаќините намалија на 1-5 преку Кафаркилиев во 55. минута, додека конечните 1-6 беа дело на Марфи во 72. минута.
Qarabag 0 – [5] Newcastle – Anthony Gordon 45+1' (Penalty)
byu/gbogaz insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

