Ѓоре Јовановски: Да постигнеме гол и да го елиминираме Хонвед

Работнички дојде со предност од 2-1 во Будимпешта и сака да постигне најмалку еден погодок обидувајќи се да го елиминира унгарскиот претставник Хонвед, во реванш мечот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

„Го респектираме Хонвед максимално, но и веруваме во сопствените квалитети. Дојдовме да се надигруваме, немаме намера да се браниме, туку ќе играме со девизата да постигнеме најмалку еден гол. Доколку успееме во тоа, ќе бидеме поблиску до реализација на нашата цел, пласман во следната фаза од натпреварувањето“, изјави Ѓоре Јовановски.

Натпреварот меѓу Хонвед и Работнички ќе се игра утре, со почеток во 18 часот, на стадионот „Јожеф Божик“ во Будимпешта.

Се вчитува...