Ѓоре Јовановски: Шкендија беше подобра, а ние треба да извлечеме поуки од поразот

Работнички го загуби дуелот против Шкендија (3-0) во рамките на 32.коло од Првата фудбалска лига, а тренерот Ѓоре Јовановски е реален и вели дека грешките треба да се побараат во сопствените редови. После анализата и извлечените поуки веднаш се гледа напред, затоа што веќе в недела следи нов важен првенствен дуел против Победа на арената „Филип Втори“.

„Честитки за Шкендија, заслужено триумфираше. Беа подобар противник, а ние не бевме на потребното ниво, како на изминатите неколку натпревари. Мораме да бидеме самокритични, тоа да го признаеме и да извлечеме добри поуки од овој пораз. Веќе од денеска се подготвуваме за следното искушение, важниот натпревар против Победа в недела. Нашата цел е јасна, сакаме да оствариме излез во Европа и сите во клубот сме максимално фокусирани на тоа“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...