„Гореа мрежите“ во Атланта, Леброн стигна до 39.000 поени

Кошаркарите на Атланта се поразени на свој паркет од Индијана во меч во кој паднаа преку 300 поени. На крајот гостите славеа победа од 157-152. И покрај тоа што домаќините го имаа Тре Јанг кој беше најефикасен на средбата, сепак, во победничката екипа се истакна Тајрис Халибартон со 37 поени и 16 асистенции.

ЛА Лејкерс продолжува со победничката серија во НБА, која трае четири победи во четири натпревари. Последниот го остварија против Јута, која ја совладаа со 131-99.

Ентони Дејвис уфрли 26 поени, и имаше 16 скокови, а Леброн Џејмс во 24 минути уфрли 17 поени, седум скока и девет асистенции. Џејмс со тоа усепа да го подобри својот рекорд, и сега стигна до бројката од 39.000 поени, што е граница која веројатно нема да може никој да ја пробие.

РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Торонто 126-107

Атланта – Индијана 152-157

Филаделфија – Кливленд 119-122 (по прод.)

Феникс – Портланд 120-107

ЛА Лејкерс – Јута 131-99

Се вчитува...