Словенечкиот ракометен Горење Велење следната сезона нема да биде учесник во регионалната СЕХА лига. Поради помладување на составот, но и враќањето за настап во регуларниот дел од словенечкиот шампионат, раководството на Горење Велење одлучи да го „жртвува“ учеството во СЕХА.
„Исклучително сме задоволни од учеството во СЕХА, но годинава имавме големи промени во играчкиот кадар, а со враќањето во регуларниот дел од домашното првенство по одлука на здружението на клубови, ќе имаме 22 натпревари повеќе. Со овој играчки кадар, за жал нема да можеме да одговориме да играме на повеќе фронтови, па затоа следната сезона нема да играме во СЕХА“, изјави Рок Бизјак, директорот на Горење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА