Гореше хотелот на Кристијано Роналдо во Мароко (ВИДЕО)

Хотелот во сопственост на Кристијано Роналдо во градот Маракеш во Мароко изминатиот викенд го опфати пожар по кој беше забележана голема материјална штета, но за среќа истиот помина без човечки жртви.

За тоа се „виновни“ вработените во хотелот кои брзо интервенирале, ги известиле посетителите и спречиле катастрофална несреќа. Од голема помош била и брзата интервенција на пожарникарите.

Хотелот „Pestana CR7“ во Маракеш е еден од шестте хотели во сопственост на популарниот фудбалер. Два од останатите се наоѓаат во Португалија, и по еден во Мадрид, Париз и Манчестер.

Се вчитува...