Гореше Париз по трофејот на ПСЖ во ЛШ (ВИДЕО)

Големи нереди имаше ноќеска во Париз по освојувањето на ПСЖ на трофејот во ЛШ.

Ова стана повод за политичка агитација од страна на десничарската опозиција за критикување на ниските безбедносни контроли што произлегуваат од политиките на левичарскиот претседател Макрон.

Лидерот на партијата Национален собир, Џордан Бардела, излезе со објава на социјалните мрежи во која ја критикува ултралибералната политика, велејќи дека недостатокот на безбедност претставува лошо лице за Франција пред светот.

„Како и со секоја јавна прослава, главниот град на Франција станува игралиште за бандити. Секогаш истите лица, секогаш истата немоќ на државата. Ова веќе не е само сериозен безбедносен проблем – тоа го поткопува имиџот на Франција пред целиот свет“, напиша Бардела.

 

Се вчитува...