Гореше стадионот во Андора пред денешниот дуел со Англија

Непријатности во Ла Вела, Андора каде што вечерва гостува селекцијата на европскиот вицепрвак Англија.

На стадионот каде што ќе се игра мечот, вчера изби голем пожар, а сето тоа го следеше репортерот на Скај.

Пожарот брзо бил локализиран, но сигурно дека ова е една голема непријатност пред дуелот со Англичаните. Делегатот на мечот ќе одлучи дали ќе се игра мечот, со оглед дека на тоа место се поставени главните камери за пренос.

Инаку на овој стадион во понеделник ќе се игра и дуелот на младите селекции на истите земји, а тој меч ќе го суди нашиот арбитар Игор Стојчевски.

Се вчитува...