Младиот играч за врска на Шалке 04, Леон Горецка, би можел ова лето да се пресели на „Алијанц арена“ и да го засили германскиот првак Баерн Минхен, а во тој случај португалскиот интернационалец Ренато Санчез би заминал на едногодишна позајмица. Горецка е еден од најдобрите млади фудбалери во Бундес-лигата и се најде во фокусот на Карло Анчелоти, а Баерн Минхен за него би платил 25 милиони евра, со оглед дека договорот му истекува во 2018 година.
Португалецот Ренато Санчез не се снајде најдобро во својата прва сезона во Баерн Минхен и се погласни се шпекулациите дека би можел да замине на позајмица. За него се заинтересирани два големи европски клуба, Јувентус и Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА