Германскиот репрезентативец Леон Горецка не е толку голем „патриот“, колку што се чинеше претходно. Тој го одбра Баерн Минхен и остана во Бундес-лигата, иако имаше понуди од Арсенал и од Манчестер јунајтед да се пресели во Премиер – лигата. Сепак, тој се реши да стави потпис на четиригодишен договор со баварскиот клуб, кој има важност од јуни, по завршувањето на оваа сезона.
Но, излезе на површина и зошто Леон Горецка донесе таква одлука. Само за потписот на договорот, одличниот играч за врска ќе добие од Бааерн Минхен бонус од 20 милиони евра. Тој доаѓа како слободен агент, но за одлуката да дојде на „Алијанц арена“ германскиот репрезентативец ќе добие неверојатна парична награда. Покрај тоа, Горецка ќе заработува и по 10 милиони евра годишно, во сите четири сезони додека го носи дресот на Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА