Ѓорѓе Петровиќ сака да се врати на „Стемфорд Бриџ“

Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ беше незаменлив меѓу стативите на Челси изминатата сезона забележувајќи 31 настап за клубот од „Стемфорд Бриџ“. Сепак ова лето работите се променија, Маурисио Покетино беше заменет со Енцо Мареска, а италијанскиот тренер има други планови.

Така Србинот беше испратен на позајмица во Стразбург каде дополнително ќе напредне пред да се врати назад во лондонските „сини“, нешто што е и негова цел.

„Договорот со Челси е да дојдам тука на позајмица, да бранам и дополнително да се развијам. Тие сметаат дека ова е првиот чекор, а во тоа се уверив кога дојдов тука. Чувствувам дека навистина напреднав, особено кога станува збор за учеството во игра. Од мене едноставно тоа се бара, потребно е да ризикувам и да направам грешки.

Целта ми е да се вратам во Премиерлигата, да се вратам каде што бев, во мојот Челси“, изјави Петровиќ во разговор за „Спорт клуб“.

Се вчитува...