Металург не успеа да триумфира на домашен терен против Фајверс, ремизирајќи 33-33 против аутсајдерот во групата. Голманот Даниел Ѓорѓески беше еден од ретките кои беа на висина на задачата на оваа средба, бранејќи неколку клучни удари во завршницата од натпреварот.
Ѓорѓески се појави на прес-конференцијата по натпреварот, својата добра игра и освоениот бод посветувајќи го на својот татко кој неодамна ја загуби битката со коронавирусот.
„Сакам да ѝчеститам на противничката екипа за играта. Имавме еден добар натпревар, после сите карантини и збиени натпревари. Освоивме еден голем бод, овој бод е за мојот починат татко пред некое време“, истакна Ѓорѓески.
Тренерот Оливер Димитриоски го потенцираше заморот кај неговиот тим, но и задоволството од покажаниот карактер на „металурзите“.
„Бод е бод, можеше да се случи буквално се, ама мора да бидеме задоволни. Она што ме прави горд е што играчите го одржаа ветувањето, дадоа се од себе. По тој долг карантин и врзани натпревари, овој меч ни беше додатно оптеретување. Имавме осцилации од играта, успеавме да се вратиме од негатива и ако говорам реално задоволен сум од постигнатото“, прокоментира стратегот на Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА