Ѓорѓески: Важен меч и за нас и за Алкалоид, но ние ќе направиме се за да победиме

Ракометарите на Охрид во четвртото коло од Суперлигата на Македонија ги очекува повеќе од тежок натпревар против Алкалоид пред своите навивачи.

Но, охриѓани веруваат дека може да пружат квалитетна партија, и покрај проблемите со повредени играчи, и низ максимална игра да дојдат до триумф против фаворитот.

„Не очекува тежок натпревар против екипата на Алкалоид со која имаме одиграно неколку натпревари оваа сезона. Ова е многу важен натпревар за двете екипи. Имаме неколку повредени играчи, и ние, но и тие. Се надевам дека тие кои ќе излеземе на терен ќе дадеме максимум за да оствариме победа. Средбата ќе ја одлучи добра одбрана и што помал број на технички грешки. Но, ние сме подготвени да дадеме се за да дојдеме до победа“ – вели голманот на ГРК Охрид, Даниел Ѓорѓески.

Се вчитува...