Резервниот голман на Вардар, Даниел Ѓорѓески конкурира за најдобра одбрана во рамките од 4. коло од СЕХА-лигата. Гостиварецот имаше импресивен настап во мечот против Татран Прешов во салата „Јане Сандански“, а одличната реакција се случи при самиот финиш на средбата, во моменти кога победата на Вардар беше осигурана.
Ѓорѓески во трката за првото место ќе се бори со Витали Чарапенка од Брест Мешков, Урбан Лесјак од Целје, Бојан Перовиќ од Војводина и Клемен Ферлин од Горење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА