Македонскиот шампион Вардар ја прекина соработката со голманот Даниел Ѓорѓески, информираат официјално од канцеларијата на црвено-црните.
Вардар и Ѓорѓески спогодбено го раскинаа договорот за соработка. Минатата година голманот ги оперираше лигаментите и после паузата почна повторно да тренира со тимот. Во моментов „вардарци“ располагаат со четворица голмани: Дејан Милосављев, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ и Андреј Петковски.
Според последните информации Ѓорѓески веќе е договорен за преселба во редовите на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА