Елиф Елмас и Никола Ѓоргев треба да биде ударната двојка на селекторот Благоја Милевски на денешниот натпревар од квалификациите на нашата млада селекција за играчи до 21 година против Србија во квалификациите за ЕП 2019.
Избраниците на Милевски, по извонредниот старт во квалификациите и победа од 0-3 на гостувањето против Ерменија, денеска од 15 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје го играат вториот дуел, сега далеку посериозен против најголемиот фаворит за првото место во групата, репрезентацијата на Србија.
За Македонија и Србија ова ќе биде втора пресметка во само три месеци, по меѓусебниот дуел на Европското првенство во Полска. Тогаш, се разбира, со сосема различна генерација фудбалерил. Иако, Македонија од тој натпревар во Бидгошч, Полска, и сега ќе ги има и Елиф Елмас и Никола Ѓоргев кои беа едни од најзаслужните за ремито (2-2).
Елмас тогаш изнуди пенал кој успешно го реализираше Енис Барди, а Никола Ѓоргев во 83. минута постигна вистински евро-гол за водство во тие моменти од 1-2… Зошто овој двоец и денеска да не ја реши Србија!?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА