ЕКИПА во Гдиња,
Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски
Никола Ѓорѓев и Елиф Елмас влегоа во второто полувреме на дуелот против Србија и ги раздвижија редовите на Македонија. Донесоа пресврт, Елмас со акцијата за пенал, а Ѓорѓев со прекрасниот погодок за водство од 2-1. Не успеавме да победиме, со оглед дека Србите израмнија во самиот финиш, но крилниот играч на Грасхоперс вели дека поважно од се е Македонија да игра добро на Европското првенство и со своите игри да ја радува нацијата.
„Ние сме првпат на Европско првенство. Секако дека гориме од желба да оствариме победа, но, ете, не ни беше судено против Србите. Среќен сум што го постигнав мојот прв гол за Македонија, но, верувајте, најсреќни сме сите ние заедно кога играме добро и кога ги радуваме навивачите во нашата земја. Мислам дека нема од што да се срамиме, кога се во прашање првите две изданија, дури и против Шпанците мислам дека оставивме добар впечаток, иако загубивме убедливо. Сега ни преостанува дуелот со Португалија утревечер, исто така многу силна селекција, но ние не отстапуваме од нашата филозофија, да играме најдобро што знаеме и да се бориме за позитивен резултат“, истакнува стрелецот на вториот гол на мечот против Србија, Никола Ѓорѓев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА