Српската кошаркарска легенда Александар Ѓорѓевиќ јавно повика да биде одложен четвртиот меч од серијата меѓу Партизан и Реал Мадрид од четвртфиналето во Евролигата што треба да се игра утре.
Причината е добро позната – огромната трагедија што се случи денеска во Белград, откако едно 14-годишно момче влезе со оружје во своето основно училиште и уби девет лица, а уште неколку се наоѓаат во тешка состојба.
„Шок и неверица по масакрот во белградското училиште, сочувство до семејствата на настраданите… Моја Србијо, мој Белграде, мој Партизане… реагирајте на вистински човечки начин и одложите го натпреварот. Кому му е до песна, радост и навивање после ваква трагедија“, напиша Ѓорѓевиќ на својот твитер-профил.
Sok,neverica usled masakra u beogradskoj skoli-saucesce porodicama stradalih.Slava im-Bog dusu da im prosti🙏🙏Moja Srbijo,moj Beograde ,moji Partizane i Real Madrid-u reagujte na pravi ljudski nacin i odlozite utakmicu-kome je do pesme,radosti i navijanja posle ovakve tragedije?
— Aleksandar Djordjevic (@CoachDjordjevic) May 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА