Ѓорѓевиќ и „неговата“ Кина не се прославија на Мундобаскетот со три убедливи порази, Порторико во следна фаза

Александар Ѓорѓевиќ не се прослави на клупата на Кина на Мундобаскетот 2023, завршувајќи го со три убедливи порази во групната фаза.

Во последното коло по групи, Кинезите убедливо загубија и од Порторико со 89-107 завршувајќи на последното место во групата уште со Србија и Јужен Судан.

По денешната победа Порторико стигна до второто место за продолжување во следната фаза од првенството.

Вотерс беше најдобар во триумфот над Кина со 22 постигнати поени, а Ромеро го следеше со 18 поени и 10 скока. Кај Кина се издвои единствено Руи Жао со 16 постигнати поени.

Се вчитува...