Ѓорѓевиќ има решение: Штрајк додека не се најде компромис

Селекторот на евроспкиот вицешампион Србија, Александар Ѓорѓевиќ има решение за „војна“ која се води меѓу ФИБА и Евролигата, а најголема штета се нанесува на репрезентациите. Повеќето европски репрезентации имаат големи проблеми поради несогласувањата со двете федерации, бидејќи имаат доста репрезентативци кои играат во Евролигата, не можат да го комплетираат ростерот за квалификациите за Светско првентсво 2019.

„И во НБА лигата постоеше проблем, па играчите штрајкуваа, имаше „локаут“. Не гледам причина зошто да не го искористат примерот и да објават штрајк и тука, додека не се најде решение кое ќе ни биде од корист на сите. Секоја федерација има свое мислење, имаат одредени работи кои не им одговараат, затоа треба да седнат на една маса и да се договорат, има начини како да се дојде до најдобриот можен систем за натпреварување. Мора да најдат решение да ни покажат во кој равец ќе оди кошарката и натпреварувањето на националните селекции. Потребно е да имаат разбирање кон клубовите, но и да ги почитуваат желбите на кошаркарите, тоа е единствениот начин“, истакна Ѓорѓевиќ.

  

Се вчитува...