Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Александар Ѓорѓевиќ во интервју за српската телевизија „Спорт клуб“ во една реченица објасни зошто кошарката во Србија е спорт број еден. Ѓорѓевиќ од секогаш се согласувал со неговиот народ дека кошарката е во крвта на Србите.
„Кога бевме играчи, зборувам за мојата генерација во Партизан и репрезентацијата, ние игравме кошарка, но не само колку да играме, туку и да победиме. Голема е разликата помеѓу играње кошарка за забава и играње за победа. Еве, ќе го земеме за пример Теодосиќ. Кошарката во него е вродена, човекот излегува на терен за да ги надигра противниците, и тој едноставно така го разбира тоа. Токму поради неговите специфични сфаќања, Тео е една класа подобар кошаркар од другите“, истакна Ѓорѓевиќ, и при тоа додаде:
„Имам теорија дека кошарката е нереално специфичен спорт и е одличен за нашиот карактер. Кошарка е спорт на вицовите, шегите, измамите. Затоа ние како нација сме многу подобри во колективни спортови, отколку во индивидуални. Цел живот се будиме со идеја да направиме некоја шега, да насамариме некого. Научени сме така да се „муваме“ низ животот. Се’ се врти околу шегата, и кошарката е токму таков спорт, затоа ни одговара повеќе отколку другите спортови“.
Од распадот на Југославија, нашиот северен сосед остана при врвот во овој спорт. Златната генерација на Владе Дивац достојно ја замени генерацијата на Милот Теодосиќ, па Србија и денес е олимписки и светски вицешампион, само Американците се подобри од нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА