Ѓорѓи Ѓоргиев: Го остваривме сонот, Европското е друго рамниште

Еуфорично, во солзи тешко наоѓаа зборови. Вака изгледаа македонските одбојкарски репрезентативци по историската победа на Унгарија која ги одведе до дебитантско учество на Европско првенство. Ѓорѓи, помладиот брат во одбојкарското семејство Ѓорѓеви вели дека му се исполнил сонот од детството.

„Ова е сон кој го сонував од дете. Сите го имавме истиот сон, имавме проблеми, но сите заедно, работевме напорно. Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Тешко беше, бевме скептични дали Летонија ќе ни заврши работа бидејќи се најдобвме во оваа ситуација откако не ја победивме Украина. Но,  кога го дознавме резултатот, полетваме и никој не можеше да не сопре. Си го исполнивме сонот. Сега сме на друго рамниште“ – вели Ѓорѓиев.

Македонската репрезентација сега ги очекува противниците за воведната фаза од Европскиот шампионат кој во септември годинава ќе се одржи во четири држави, Словенија, Франција, Холандија и Белгија.

 

Се вчитува...