Ѓорѓи Ѓоргиев и официјално се враќа во Франција, од следната сезона ќе ги брани боите на Камбраи Волеј (ФОТО)

Репрезентативецот на одбојкарската селекција на Македонија, Ѓорѓи Ѓорѓиев следната сезона и официјално се враќа во Франција. Техничарот го потврди овој трансфер во францускиот прволигаш Камбраи Волеј.

Во минатата сезона Ѓорѓиев ја освои двојната круна со екипата на Хебар во бугарскиот шампионат. Ѓорѓи во својата кариера веќе има играно во француската елита, во периодот од 2018 до 2020 година го носеше дресот на Париз Волеј.

Екипата на Камбраи Волеј успеа да остане во француската елита, па и во новата сезона ќе игра во најсилното натпреварување.

 

Се вчитува...