Ѓорѓи Ѓоргиев кариерата ќе ја продолжи во Полска

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓоргиев кариерата ќе ја продолжи во полскиот шампионат во тимот на Слепс Сувалки. Тимот во моментот се наоѓа на 10. место во полскиот шампионат и е во борба за пласман во плеј-офот во силната полска лига.

„Мило ни е што успеавме релативно брзо да добиеме квалитетен играч кој ќе ги поддржи нашите подготовки за претстојните натпревари во домашниот шампионат и ќе обезбеди правилен тек на тренинзите планирани од нашиот персонал. Ѓорѓи се согласи да ни помогне без двоумење, што сме многу среќни. Свесни сме дека можноста што играме во вака силна лига е голем плус за потпис на добри одојкари“, изјави Војчех Виник претседателот на управниот одбор на клубот. 

Ѓоргиев минатитот период го помина во дресот на македонскиот шампион Струмица, со кој играше во квалификациите за ЦЕВ купот.

Се вчитува...