Ѓорѓи Ѓоргиев: Мораме против Израел да покажеме поголем квалитет

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва ја очекува вториот натпревар во Европската сребрена лига каде за противник ќе го имаат Израел. Техничарот на „спартанците“, Ѓорѓи Ѓоргиев вели дека Израел е далеку подобар противник од Кипар, но дека одат на победа и без калкулации на секој меч од ова издание.

„Израел е подобар противник од Кипар и затоа мораме да покажеме поголем квалитет. Се надевам на победа. Одиме секој меч на победа и без калкулации. Наша цел е да обезбедиме три победи на овој турнир и потоа истото да го повториме и во Данска и да бидеме со голема самодоверба за фајнал-фор турнирот“, изјави Ѓорѓи Ѓоргиев.

Натпреварот против Израел кој ќе се игра во Струмица е закажан за во 20 часот.

Се вчитува...