Одбојкарската репрезентација на Македонија не успеа да избори финале на Ф4 турнирот во Сребрената Европска лига. Нашите одбојкари имаа водство од 2-0 во сетови, но со целосен пресврт загубија од Хрватска. Утре ќе играат против Летонија за третото место на завршниот турнир.
Ѓорѓи Ѓоргиев смета дека Македонија можеше подобро, а клучен фактор е непочитувањето на договорената тактика после водството од 2-0 во сетови.
„Не понесе атмосферата. Не ја почитуваме тактиката. Игравме според договорот во првите два сета, и тоа феноменално, и потоа не знам што се случи. Но, се растури концептот, не ја почитувавме тактиката. Се обидовме нешто во петтиот сет, но не успеавме. Брзавме во поените, немавме мирна глава, и тоа е причината за поразот“, изјави Ѓорѓи Ѓоргиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА