Македонските одбојкарски репрезентативци, Никола и Ѓорги Ѓоргиев, вториот дел од оваа натпреварувачка сезона ќе го минат во ист клуб откако Ѓорги денеска и официјално се пресели во Турција, потпишувајќи договор со тимот на Туршад.
Никола пред неколку месеци стана член на овој турски прволигаш, а Ѓорги Ѓоргиев во тој период се пресели во Полска во редовите на Слепс Сувалки. Сепак, престојот во полскиот шампионат траеше кратко, Ѓорги во меѓувреме бараше клуб во кој ќе има позначајна минутажа, за денеска и официјално да му се приклучи на Ниокола во Туршад.
„Со големо задоволство го објавуваме новото засилување, македонскиот репрезентативец, искусниот техничар Ѓорѓи Ѓоргиев ќе биде нов член на Туршад. Тој креира ритам на средбите и ја прави разликата со своите квалитети, нема сомнеж дека Ѓорги ќе даде дополнителна сила на Туршад“, се вели во клупското соопштение на турскиот прволигаш.
Овој тим неочекувано слабо ја почна сезоната, моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата, а нема сомнеж дека токму браќата од Македонија ќе бидат главни адути во битката за опстанок во вториот дел од оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА