Македонската одбојка повторно ќе има свој интернационалец во Франција откако Ѓорѓи Ѓоргиев денеска обелодени дека потпишал договор со екипата на Париз.
Техничарот на нашиот национален тим реши да ја заврши својата авантура во Турција, каде во претходните неколку сезони со голем успех го носеше дресот на ММ Пјанго. На неговата адреса пристигнаа неколку понуди, од кои тој ја избра онаа на Париз, клубот каде пред неколку сезони настапуваше неговиот брат Никола, кој како член на Париз беше избран и за МВП на францускиот шампионат.
До пред две сезони со успех во Франција настапуваше и Јовица Симовски, а сега традицијата на квалитетни македонски одбојкари во оваа земја ќе се обиде да ја продолжи и Ѓорѓи Ѓоргиев.
Овој одбојкар поради повреда ќе го пропушти и наредниот натпревар на нашата селекција, против Латвија, но се очекува да се врати во тимот за клучните натпревари од Европската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА