Новото раководство на КФСМ подготвува промени во речиси сите национални селекции, веќе се донесени одлуки за младите репрезентации, но се чека последниот конкретен потег – за именување на нов селектор на сениорскиот национален тим. ЕКИПА дознава дека Алек Јончевски нема да остане на чело на „црвено-жолтите“, а главен фаворит за негов наследник е Ѓорѓи Кочов.
Поранешниот стратег на МЗТ Скопје веќе неколку години наназад успешно работи во Бундес-лигата, како прв асистент во стручниот штаб на Кемниц. Кочов не планира враќање на македонската кошаркарска сцена на клупски план, но можноста да се стане селектор на својата национална репрезентација е предизвик за 40-годишниот стратег.
За очекување е разговорите да се интеизивираат во наредниот период, кај двете страни постои расположение за потпис на договор, со што Кочов би ја водел А-репрезентацијата на претстојните претквалификации закажани за месец август, во кои нашите кошаркари за ривали ќе ги имаат Романија и Унгарија.
Македонија овие претквалификации ќе ги стартува со домашен дуел против Романија закажан за 2 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

