Ѓорѓи Корсантија – МВП на 20. коло во Прва лига (ФОТО)

Дваесеттото коло од македонската прволигашка кошарка донесе шест нови интересни натпревари во кои на победи се радуваа ТФТ, Работнички, Гостивар, Пелистер, МЗТ Скопје и Академија ФМП.

Најкорисниот играч на истото ни доаѓа од „сино-белото“ дерби во „Младост“ кој воедно ја одбележа и 20. рунда, а тоа е Ѓорѓи Корсантија. Грузискиот интернационалец забележа дабл-дабл учиниок од 24 поени и 15 скока при реализација 11/17 од поле дополнет со четири украдени топки и две асистенции за индекс на корисност од 38.

Се вчитува...