Ѓорѓи Мојсов го засили Пелистер

Искусниот македонски интернационалец, Ѓорѓи Мојсов се врати во Македонија и ќе го носи дресот на прволигашот од Битола, Пелистер. Тој последно настапуваше во Жетису од Казахстан, но откако му заврши договорот, тој реши да се врати повторно во Македонија и ги договори личните услови со тимот од Битола.

Мојсов го носеше дресот на Пелистер двапати во својата кариера, еднаш од 2005 до 2007 година и од 2013 до 2014 година, а во македонскиот шампионат го носеше дресот и на Ренова, Хоризонт Турново, Вардар и Работнички.

Пелистер утре ќе замине на зимски подготовки во Охрид, поради лошите временски услови во Битола, а се очекува тимот да го засили и еден португалски фудбалер од ЦСКА Софија.

Се вчитува...