Брегалница во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига утре од 14 часот ќе гостува на Работнички во Скопје на натпреварот кој ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
„Сините“ веруваат во позитивно издание и далеку поефикасна игра во однос на првиот пролетен дуел со Скопје, на кој без создавани шанси за погодок но изостана реализацијата.
Офанзивецот Ѓорѓи Ѓорѓиев пред утрешниот натпревар потенцира дека екипата е подготвена за предизвикот против силна екипа како Работнички која игра одлично во новата година, и низ пријателските натпревари, но сето тоа го покажа и на првиот првенствен натпревар пролетва со триумфот од 0-2 на гостувањето против Победа.
„Носиме целосен респект за екипата на Работнички, но знам и дека носиме голем мотив за надигрување со еден квалитетен противник. Сигурен сум ќе дадеме се од себе да дојдеме до позитивен резултат“ – вели Ѓорѓиев пред утрешниот натпревар, и дополнува:
„Атмосферата во тимот е навистина на едно високо ниво, самодовербата кај секој поединец мора исто така да биде на повисоко ниво и верувам дека ќе прикажеме подобра игра од претходното коло. Но, и поефикасна игра затоа што создаваме шанси но изостанува реализацијата. Сите во тимот знаеме дека навивачите очекуваат од нас позитивни резултати, па мора да го дадеме максимумот за да не ги разочараме“.
ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ (недела, 14 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
Скопје: СКОПЈЕ – ТИКВЕШ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА