Ѓоргиев: Две работи ќе се многу важни против Португалците

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари брзо го преболеа очекуваниот пораз од Данска, свесни дека вистинските предизвици следат во наредните денови, почнувајќи од утрешниот клучен дуел со Португалија.

Против себе ќе имаме селекција што заврши како четврта на последното светско првенство, но македонските ракометари веруваат дека за разлика од мечот со Данска, овојпат би можеле да ги замрсат сметките на фаворитот. Според средниот бек Игор Ѓоргиев, две работи ќе бидат многу важни во нашата игра за да се стигне до позитивен резултат на утрешниот дуел.

„Португалците не се на ниво на Данска, но да не се лажеме, тие се во една нагорна линија, го покажаа тоа и со пласманот во полуфинале на ЕП. Сепак, ние не сме без шанси. Тие нека бидат фаворити, но ако ние го спроведеме на терен она што ќе го договараме, имаме шанси за позитивен резултат. Ќе мораме како во  одбрана, така и во напад да бидеме подобри од она што го покажавме со Данска, да ги натераме да напаѓаат на наша поставена зона… а во нападот да не бидеме статични и да не се доведуваме во пасивна игра“. истакна Ѓоргиев.

Се вчитува...