Одбојкарската репрезентација на Македонија повторно ќе игра во финалето на Европската сребрена лига, откако во трилер натпревар славеше над Хрватска со 3-2 (15-25, 25-19, 25-22, 21-25 и 15-12).
Капитенот на „црвено-жолтите“, Никола Ѓорѓиев вели дека ова е најтешкиот натпревар во неговата кариера.
„Психолошки многу тежок натпревар бидејќи императивот беше победа. Знаеме дека дома играма и дека сме фаворити против Хрватска. Но, како што видовте Хрватска воопшто не е лоша екипа. Трема веројатно и не покажавме се што можеме на моменти. Злато вредна победа една од емотивно најтешките во мојата кариера. Сепак, ништо не е направено дека одиме по злато. Мора да одмориме да видиме каква е повредата на Владо Милев и дали ќе може да игра утре“, изјави Ѓорѓиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА