Ѓорѓиев: Хендикеп е што не играме во Европската лига

Најдобрите македонски одбојкари го почнаа работното лето во кое се подготвуваат за дебитантскиот настап на контиенталните собир. Да бидат во најдобра форма и подготвени за средината на септември кога ќе се соочат со противниците од групата на Европското првнество, ова е целта на националниот состав кој ќе работи во две фази.

„Се исполни нашиот најголем сон и многу сме мотивирани. Тренираме многу кратко, се чувствува дека сме имале пауза, но секако и селекторот ни рече дека овој дел од подготвоките е за да се запознаеме со новите играчи кои во претходните циклуси не беа со нас. Во овие три недели треба да се вратиме во форма. Екипата работи со одличен елан. Овој дел е опуштен, атмосферата е релаксирана. Се е во насока на тоа да се подготовиме за тоа што не чека во јули кога ќе имаме многу посериозна работа“ – вели на почетокот на подготвителниот поерид, капотенот на националниот состав, Никола Ѓорѓиев.

Според Ѓорѓиев, хендикеп за нашата репрезентација е тоа што летово нема да биде дел од Европската лига со што ќе има огромна пауза од девет месеци во официјалните натпревари.

„Најважно е да имаме добри подготовки и добро да ги одработиме осумте контролни натпревари кои ни се закажани. Мене ми е многу жал што не играме Европска лига. Поради тоа првиот официјален натпревар по 9. јануари ќе го имаме на 12 септември. Тоа се девет месеци што според мене е предолг период. Навистина ние ќе имаме пријателски натпревари, но тоа во нашите глави не е исто како европско првенство. Дебитанти сме и немаме искуство. Но, ние бевме дебитанти и во Европската лига па стигнавме до финалетот. Трите сребра од Европската лига, петте учества на Ф4 турнирите во ова натпреварување, квалфикациите за ЕП, сето ова ни дава надеж дека имаме сила и моќ, веруваме во себе, можеме да играме против сите. Дел од репрезентациите ги познаваме добро, како Труција и Белорусија, Финска ни е тотална непознаница, така што и скаутингот ќе треба да одработи добро“ – вели Ѓорѓиев.

Која би била најдобрата тактика за дуелите во групанта фаза преку кои треба да бие направен уште поголем чекор, палсман во втората рунда ? Дали фокусот да биде на пртивниците портив кои имаме пореална шанса за победа?

„Не можеме да мислиме на три екипи, ако го направиме тоа, може да биде лошо, ние мислиме на пет натпревари. Можно е со две победи да одиме натаму, може дури и да ја добиеме Словенија, се може да се случи. Против нив и против Русија ќе играме опуштено бидејќи немаме што да загубиме. Најважно е да не летаме во облаци за палсман во  втора фаза. Ние сепак сме дебитанти на Европското првнестно и нормално ќе имаме протисок поради тоа, но се надевам на се најдобро и на историски пласман во втората фаза“.

 

 

 

Се вчитува...