Сосема очекувано, двајца Македонци се најдоа во изборот на Дрим-тимот на Европската лига за актуелнава сезона, Никола Ѓоргиев и Ѓоко Јосифов кои на свечената церемонија во Копенхаген добија и специјални признанија.
Покрај Ѓоргиев и Јосифов во најдобриот одбојкарска состав од Европската лига се најдоа и Олексеј Клиамар, Максим Дрозд и Владимир Ковалчук од Украина, како и Расмус Ојле Нилсен од Данска и Ентон Тенгерут од Шведска.
За МВП на Ф4 турнирот од Европската лига беше прогласен Украинецот Максим Дрозд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА