ЕКИПА во Љубљана,
Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски
Македонската одбојкарска репрезентација загуби со максимални 3-0 во сетови од Турција, во вториот настап на ЕП 2019. Капитенот Никола Ѓоргиев вели дека селекцијата игра лошо и не е доволно добро подготвена со официјални натпревари.
„Лошо играме. Можеби изгледа дека играме пристојно, но ние играме лошо. Според мене клучен проблем е што не игравме Европска лига. Глупаво е да се величи победа над Бугарија во пријателски натпревар. Подобро да играме десет официјални мечеви со Албанија отколку да играме само контроли. Јас и Љафтов потфрливме вчера, дел од соиграчите одиграа животни партии, ние да бевме 10% подобри ќе го добиевме натпреварот со Финска. Денеска бевме слаби во првиот сет, во вториот нешто и одигравме, за третиот не треба ни да се коментира“, изјави капитенот Никола Ѓоргиев по поразот од Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА