Ѓорѓиев: Изгоревме во желбата за победа… Сепак, ништо не е загубено (ВИДЕО)

Македонија загуби од домаќинот Финска со 3-1 во првиот натпревар на Европското првенство. Капитенот на одбојкарската репрезентација, Никола Ѓорѓиев вели дека изгореле во големата желба за победа, но дека ништо не е загубено и се уште претстои борба за осминафинале.

„Истото ни се случи и сега како пред две години. Изгоревме во големата желба за победа. Јас се уште тврдам дека сме поквалитетни од нив, меѓутоа тоа не се покажа на теренот. Многу ми е жал и многу ни е тешко на сите. По непроспиената ноќ тука сме сите заедно разговаравме и ќе се подготвуваме за следните натпревари. Историјата покажува дека секоја следен натпревар го играме се подобро и подобро и се надевам дека и ќе биде така. Борбата за осминафинале се уште не е готова“, изјави Ѓорѓиев. 

Македонија утре во 2. коло во групата во Тампере ќе се сретне со Холандија, а натпреварот е со почеток во 19 часот.

 

 

 

Се вчитува...