Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, не го криеше разочарувањето по одлуката на ОФМ да му врачи отказ на Никола Матијашевиќ.
Најдобриот македонски одбојкар е уверен дека Матијашевиќ се уште е најдобра опција за предводник на нашиот национален тим, а вината за ваквиот потег ја побара во раководството од „куќата на одбојката“.
„Срамота и греота… Две европски првенства… Пред четири години сонувавме за ЕП. Изгледа со некои луѓе од ОФМ се е возможно“, порача Никола Ѓоргиев преку својот профил на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА