Најважниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026 машката сениорска репрезентација на Македонија го игра денеска, 19 часот во Атина против Грција, во дуел кој може да го најави учеството на тимот на четвртиот континентален собир во низа.
Движечката сила на националниот тим, капитенот Никола Ѓоргиев смета дека репрезентацијата е подготвена, дека противникот е добро анализиран и дека сè е во наши раце, и потребно е најдоброто да се прикаже на теренот. Подолнителна поддршка даваат и резултатите во другите групи кои ни одат во прилог во битката за петте најдобри второпласирани екипи кои обезбедуваат билет за ЕуроВолеј2025.
„Резултатите од другите групи, засега одат во наша полза, но јас би сакал ние да го направиме своето и воопшто да не зависиме од тие резултати. Дуелот со Грција ќе биде ‘да се биде или не’ влегуваме со таков менталитет, но и на овој меч имаме право на грешка. Мора да влеземе максимално силни и мотивирани, со голема самодоверба во нас. Теренот ќе биде жежок, но тогаш ние играме најдобро и се надевам дека ќе успееме да го земеме она што е наше, она што ни треба и подоцна да направиме еден спектакл со Грузија во Скопје и со победа да го чекираме Европското првенство“, вели Ѓоргиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

