Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев испиша историја со Македонија, носејќи ја нашата репрезентација до место на претстојното Европско Првенство. Тој немаше многу време за славје бидејќи мораше да се врати назад на клупските обврски во Јапонија, но и да стигне назад во Нагоја навреме за да ги бодри нашите ракометари на премиерниот дуел од СП 2019 против земјата каде што настапува.
„Стигнувам во Јапонија рано наутро по македонско време, по што со брз воз ќе дојдам во Нагоја на неколку часови пред почетокот на натпреварот. Сите репрезентативни средби на Јапонија, во сите спортови, ги има директно на ТВ и едвај чекам да го следам ракометниот меч и да навивам за Македонија. Верувам во нашите ракометари и очекувам победа“ – истакнува Ѓоргиев.
Одбојкарскиот ас го носи дресот на Сакаи, откако претходно имаше успешна авантура во Јапонија како член на Тореј ероус, тим со кој стигна до двојната круна во оваа земја и се закити со МВП-признанието.
Македонија денеска го игра првиот натпревар од овој светски шампионат против селекцијата на Јапонија, со почеток во 15.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА