Ракометниот вицешампион на Македонија, Алкалоид утре против српскиот шампион Војводина ќе го има својот деби настап во Европа, во 1. коло од второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.
Капитенот на дебитантот во европските натпреварувања, Игор Ѓоргиев вели дека се подготвени и мотивирани да почнат со победа.
„Како млада екипа која направи голем успех минатата сезона сега ни следува нов голем предизвик, Лигата на Европа. Таму за противник ја имаме Војводина која има голем број квалитетни играчи. Јас како капитен на екипата можам да кажам дека сме мотивирани и подготвени. За нас ова ќе биде големо искуство. Подгтовени сме и ја посакуваме победата. Сакам да ги поканам сите љубители на ракометот да ни дадат поддршка која што многу ќе ни значи утре“, изјави Ѓоргиев.
Мечот меѓу Алкалоид и Војводина кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА