Според полуфиналниот статус, македонските одбојкари не отстапија од пласманот во претходните сезони во Евролигата. Седмипат од премиерниот настап во тогашната единствена Европска, а третпат откако натпреварувањето има два сегмента и се нарекува Сребрена лига,црвено-жолтите ќе дефилираат во елиминациската фаза. Ниту еднаш не проуштија да се најдат во престижното друштво, годинава со три победи во групата.
Иако во составот не беа тројца стандардни: Љафтов, Николов и Ангеловски, а потоа се повреди Костадин Ричлиев, Македонија извади билет за завршниот турнир во Будимпешта наредниот викенд, заедно со нашиот ривал во полуфиналето Финска, со Романија и со домаќинот Унгарија.
Филип Савовски е прв блокер во натпреварувањето со 21 поен од овој елемент, односно во просек еден на сет. Никола Ѓорѓиев е константа, повторно е апсолутен поентер и во златниот и во сребрениот сегмент со над шест поени во сет во просек, вкупно 148 на шест натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА