Игор Ѓоргиев е свесен за пропустите во играта на македонскиот национален тим на првите два натпревара во Краков, но средниот бек останува оптимист дека нашата репрезентација конечно ќе заигра како што знае и умее, ќе ја победи Аргентина и ќе се пласира во следната фаза.
„Она што е најголемо разочарување е што овие први натпревари ги загубивме на наши грешки. Сите сакаме повеќе, го сакаме најдоброто за оваа репрезентација и верувам дека на наредниот натпревар ќе прикажеме многу подобра игра. Наше е да останеме заедно, да се обединиме и кога е најтешко, да излеземе на терен и да ја победиме Аргентина. Ги видовме нивните први натпревари, и тие претрпеа убедливи порази на првите натпревари. Според квалитетот и искуството оваа селекција е најблиску до нас од трите во групата, што ни дава за право да се надеваме дека ќе играме подобро отколку на првите две средби и ќе стигнеме до посакуваниот триумф“, изјави Ѓоргиев.
Нашите ракометари попладнево ќе го одржат единствениот тренинг пред утрешниот меч, последна можност за корекции во играта и кревање на атмосферата пред дуелот со Аргентинците, закажан за утре во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА