Трета година по ред Македонија беше дел од финалето на Европската лига и трет пат нашите одбојкари не успеаја да стигнат до посакуваниот златен медал. Разочарувањето беше огромно по вчерашниот пораз во Копенхаген од Украина, но конечниот исход беше од 3-1 за противникот беше сосема реален со оглед на случувањата на теренот.
Капитенот Никола Ѓорѓиев, кој беше најгласен со оптимизмот пред овој Ф4 турнир, не го криеше разочарувањето по најновиот пораз во финалето.
„Трета година по ред ја завршуваме како второпласирани, нормално е да си разочаран, но морам да признам дека не напредувавме доволно за да стигнеме до златниот медал. Не бевме ментално подготвени за ова финале, противникот го искористи тоа и заслужено победи. Затоа, можеме само да им честитаме на Украинците“ – изјави Ѓорѓиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА