Македонската ракометна репрезентација славеше со 32-28 на дуелот со Бахреин, прв од трите натпревари што нашата национална селекција ќе ги одигра против во рамките од „Жолтиот куп“ во Винтертур, Швајцарија.
Игор Ѓоргиев, кој постигна три погодоци во оваа победа, верува дека формата на македонската репрезентација ќе продолжи да се крева од натпревар во натпревар.
„Честитки до сите играчи за борбеноста. Одигравме тежок натпревар кој беше исполнет со падови и подеми. Но, среќни сме за победата. Јас како индвидуалец секогаш се стремам да бидат подобар, мислам дека сите во тимот можеме да одиграме подобро. Се надевам дека од меч во меч ќе бидеме подобри“, изјави Игор Ѓоргиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

