Ѓорѓиев: Подготовките за ЕП течат одлично, ја повикувам целата македонска јавност да купи билети и да не поддржи!

Македонската одбојкарска репрезентација активно ги минува подготовките за настапот на Европското првенство 2023 кое од 30. август до 6. септември се одржува во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонскиот техничар Ѓорѓи Ѓорѓиев ги повикува навивачите како поддршка за заеднички успех на Европското првенство.

„Подготовките течат одлично, работиме доста напорно и атмосферата е на максимално високо ниво. Ја повикувам целата македонска јавност, која е во можност, да купи карти и да не поддржи на Европското првенство. Ние ќе го дадеме нашиот максимум, но ни треба и поддршката од секој македонски навивач“ – вели Ѓорѓиев.

Билетите за Европското првенство може да се купат на следниот ЛИНК.

 

Се вчитува...