Ѓорѓиев поразен од Дробњак во борбата за европската титула

Најдобриот македонски кик-боксер Димитар Ѓорѓиев по судиска одлука загуби со 3-0 од Никола Дробњак во борбата за Европска титула во ВАКО до 81,4 килограми на настанот кој се случи во Зворник, Босна и Херцеговина.

Првата рунда помина во израмнета борба на двајцата кик-боксери. Во израмнета борба помина и втората рунда меѓу двајцата одлични борци. Во третата рунда домашниот кик-боксер успеа да му направи нокдаун на нашиот Ѓорѓиев, кој сепак се извлече и се врати во борбата.

Во четвртата рунда Ѓорѓиев повторно беше во дефанзива, а последната иако беше израмнета не беше доволна за нашиот кик-боксер да направи пресврт.

За потсетување Димитар Ѓорѓиев е најдобриот македонски кик-боксер кој во својата кариера е освојувач на златни медали од европските и светски првенства.

Претходно, вториот македонски претставник на овој настан Бобан Илоски на убедлив начин со нокаут во првата рунда го совлада Хрватот, Борна Манојловиќ во категоријата до 83 килограми во К1.

На настанот беа доделени и неколку плакети. Еден од добитниците на пакетите беше и поранешниот српски кошаркар Игор Ракочевиќ.

Се вчитува...